Хамес Родригез се врати во Реал Мадрид после две години позајмица во Баерн Минхен, но оваа сезона не добива голема минутажа.
Колумбиециот не е во плановите на Зинедин Зидан, па Реал сигурно ќе го стави на трансфер листа на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ се спремни да го пуштат Хамес за „само“ 40 милиони евра и со тоа да се ослободат од неговата висока плата.
Насериозен кандидат за 28-годишниот Колумбиец е Евертон, бидејќи Анчелоти повторно сака да соработува со него.
Интерес за Хамес покажува и Валенсија, но самиот играч преферира преселба во Премиер лигата.