Дома Фудбал Зидан го даде првиот коментар за Бејл после трансферот во Тотенхем

Зидан го даде првиот коментар за Бејл после трансферот во Тотенхем

Герет Бејл неодамна ги напушти редовите на Реал Мадрид. Се врати во Тотенхем каде ќе помина една година на позајмица.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговото заминување се очекуваше со оглед на лошите односи со шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан.

Шпанските новинари на Зизу му побараа коментар за трансферот на Бејл, но не го добија она што го посакуваа. Зидан не трошеше многу зборови на својот однос со Велшанецот.

„Немам што да кажам по тоа прашање. Му посакувам се најдобро во иднина, а ние ќе продолжиме да ја работиме нашата работа.“ – истакна Зидан и додаде:

„Фактот што некои од играчите играат повеќе, а некои помалку, не е моја вина. Но, мислам дека Бејл имаше успех во Реал.“

Да потсетиме, Бејл на Бернабеу стигна во 2013. година и со мадридскиот клуб освои 14 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…