Дома Фудбал Зидан бесен: Околку казната на Роналдо, тука нешто не е во ред…

Зидан бесен: Околку казната на Роналдо, тука нешто не е во ред…

zidane

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека фудбалскиот сојуз на Шпанија изрекол преостра казна за Кристијано Роналдо.

Португалецот е казнет со пет натпревари суспензија откако го бутна судијата на неделното „Ел Класико“ на „Ноу Камп“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бесен сум, сите сме бесни. Не сакам да се мешам во работата на судијата, но кога ќе се погледне што се случи и се сфати дека Кристијано нема да игра пет натпревари, тука нешто не е во ред. Пет натпревари се многу“, истакна Зидан на конференцијата за медиумите и додаде:

„Што се случи, се случи, но се надевам дека повторно ќе ја прегледаат ситуацијата. Дисциплинската комисија ќе се состане во среда“.

Во среда на програмата е реванш мечот помеѓу Реал и Барселона, но Зидан смета, дека иако имаат предност од првиот меч се уште ништо не е готово.

„Во фудбалот ништо не е готово. Барселона во секој момент може да ги отежни работите“, истакна Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…