Дома Фудбал Италија Звучи лудо и нереално, но италијанците тврдат – можно е: Милан и Наполи разменуваат тренери и директори!?

Звучи лудо и нереално, но италијанците тврдат – можно е: Милан и Наполи разменуваат тренери и директори!?

Изгледа навистина нереално, но италијанските медиуми пренесуваат дека сепак е можно.

„Росонерите“ се наоѓаат на шестата позиција на табелата во Серија А, имаат еден бод повеќе од Аталанта на две кола пред крајот, додека Наполи заостанува шест бодови зад лидерот Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Доколку Милан остане без моменталната позиција, поточно доколку не успее да избори место во Лигата на Европа, Гатузо би можел да заработи отказ, а италијанските медиуми пишуваат дека би можело да дојде до „трејд“ помеѓу Милан и Наполи.

Имен, доколку Сари и дефинитивно донесе одлука да го напушти „Сан Паоло“, Милан би можел да се обиде да го доведе во своите редови. Во тој случај Гатузо би останал без работа, а Наполи би бил тука да го доведе на местото на Сари.

Покрај тоа „Газета дело Спорт“ наведува и дека без разлика на исходот на сезоната Милан би можел да го напушти спортскиот директор Масимилијано Мирабели и за него е заинтересан – Наполи! Од друга страна пак Милан наводно стапил во контакт со спортскиот директор на Наполи, Кристиано Џинтоли.

Ова би било навистина епска размена, сепак останува да видиме колку во сето ова има вистина и дали е реално. Да потсетиме, Маруицио Сари веќе има понуди од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот Хрват ја откри одлуката на Лука Модриќ: “Видов дека бара стан”

Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за продолжување на кариерата. Неколку се …