Дома Останати Кошарка Звезда со „стотка“ удри по Партизан: Апсолутна доминација на црвено-белите (Видео)

Звезда со „стотка“ удри по Партизан: Апсолутна доминација на црвено-белите (Видео)

Во последниот меч од седмото коло во регионалната АБА лига, Црвена Звезда во улога на гостин, вечерва славеше против Партизан со резултат 100:84.

За Звезда ова е петта победа во сезоната, додека Партизан остана на четири, проследени со три порази.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Партизан вечерва имаше огромна поддршка од трибините. Освен навивачите, таму беше и комплетниот фудбалски црно-бел состав, но најмногу внимание предизвика присуството на Бастијан Швајнштајгер.

Сепак, Црвена Звезда подобро стартуваше во овој меч. Црвено-белите не дозволија да бидат надмудрени, Партизан тешко стигнуваше до поени, додека на другата страна, одлично работеше шутот од три поени.

Имаше Звезда поголем број расположливи играчи, се разиграа Бјелица, Рочести, Фелдин, Антиќ и останатите, додека играта на Партизан најмногу зависеше од Вилијам-Гос и Патрик Милер.

Најдобриот поединец на мечот несомнено беше Милко Бјелица со постигнати 29 поени, а нашиот интернационалец, Перо Антиќ зад своето име запиша 13 поени. Кај Партизан се издвои Величковиќ со постигнати 18 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…