Андре Гомеш може да ја напушти Барселона каде што не се снајде најдобро.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многу проблеми имаше Андре Гомеш во претходната година.
Не беше во милост на навивачиите, истакнуваше дека играчите не го прифатиле најдобро, на крајот и јавно побара да биде продаден.
Гомеш во Барселона пристигна пред две години, а во една ситуација истакна и дека поминува низ пекол.
Сега постои интерес од повеќе клубови, најмногу се споменуваше Јувентус кој се обидуваше да го доведе и додека беше во Валенсија.
Во медиумите во Шпанија денес се појави вест дека Барселона ја одредила цената за овој фудбалер, како и што се очекуваше таа не може да биде премногу висока (споредувајќи ги денешните цени во фудбалот) и изнесува 22 милиони евра.