Дома Трансфер зона За Челзи не одигра ниту минута, а клубот за него си доби 15 милиони фунти

За Челзи не одигра ниту минута, а клубот за него си доби 15 милиони фунти

Челзи и официјално го продаде хрватскиот напаѓач Марко Пашалиќ на Аталанта.

Како и што се најавуваше Пашалиќ од Челзи премина во Аталанта. Хрватот помина две години на позајмица во италијанскиот тим која истекуваше на крајот на овој месец. Меѓутоа Аталанта се договори со Челзи и го откупи неговиот договор.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аталанта на социјалните мрежи потврди дека Пашалиќ ќе остане во црно-синиот дрес, а Челзи ќе добие 15 милиони евра.

Сезонава Пашалиќ постигна седум гола и забележа седум асистенции и не чудно што Аталанта се одлучи да го откупи.

Инаку, Пашалиќ во 2014 година во Челзи пристигна како голем талент за 2.5-3 милион иевра од Хајдук. Сепак никогаш не заигра за Челзи, освен Аталанта како позајмен играч од Лондон играше во Милан и Спартак Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …