Дома Топ вести За тоа се мајстори: Интер носи уште една ѕвезда бесплатно

За тоа се мајстори: Интер носи уште една ѕвезда бесплатно

Интер сака да ја засили одбраната и ќе се обиде да го доведе централниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Јонатан Тах, пишува „Газета дело спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на германскиот интернационалец со „фармацевтите“ истекува по завршувањето на сезоната, а засега се чини тешко дека ќе биде обновен. Ова предизвика интерес за Тах од клубови како Баерн Минхен и Барселона, но сега и Интер се вклучи во трката за потписот.

Нероаѕурите се мајстори за потпишување слободни агенти, а меѓу нивните сегашни играчи на сличен начин ги привлекоа Стефан де Фрај, Хакан Чалханолу, Хенрих Мхитарјан, Маркус Турам, Пјотр Зиелински и Мехди Тареми.

Интер има стара одбрана со неколку ветерани како Ачерби, Дармијан и Де Фрај, па засилувањето на одбраната ќе биде приоритет на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…