Дома Фудбал Англија За рубриката верувале или не: Њукасл има дежа ву сезона!

За рубриката верувале или не: Њукасл има дежа ву сезона!

newcastle

Како и во сите посилни првенства сезоната во Премиер лигата влегува во самата завршница, а секако најинтересно е она што се случува на врвот – трката помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.

Интересно е секако и во борбата за опстанок, како и за местата кои водат во Лигата на Европа или Лигата на шампионите наредната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њукасл е тим кој веројатно горе-долу ја има обезбедно сезоната, не можат да се надеваат на Европа, а се во прилично сигурна зона со пет бода предност од опасната зона на 13-тата позиција. Пет бода кога се условно кажано послабите тимови во прашање се навистина голема разлика поради тоа што потешко победуваат.

Она што на англиските статитичари им „падна во очи“ е статистиката која ја Њукасл оваа сезона. Верувале или не Њукасл има иста статистика како и  минатата сезона во овој период.

Како што кажавме Њукасл се наоѓа на 13-тата позиција со 35 освоени бодови. После 31 одигран натпревар тимот на Рафа Бенитез има девет победи, осум нерешени и 14 порази со гол разлика -9 односно 31:40.

Не се поклопуваат само бодовите туку се – победите, поразите, нерешените натпревари дури и гол разликата!

Ова е навистина единствен случај во светот на фудбалот кој тешко може некогаш да биде повторен. Минатата сезона на крајот Њукасл заврши на 10-тата позиција со 44 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Федерико Киеза oд следната сезона во големиот ривал на Јувентус!?

Поради „заладените“ односи меѓу фудбалерот Федерико Киеза и тренерот Масимилијано Алегри и…