Дома Фудбал Останато За него само небото е граница: Ето потпиша за 12. клуб во кариерата

За него само небото е граница: Ето потпиша за 12. клуб во кариерата

Иако длабоко навлезе во четвртата деценија од животот, Самуел Ето не се предава и натаму потпишува договори.

Легендарниот Камерунец вечерва потпиша за 12. клуб во кариерата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Бидејќи го раскина договорот со Анталија, Ето како слободен играч мина во Конијаспор. И потпиша феноменален договор со оглед на тоа дека наскоро ќе наполни 37 години.л Камерунецот за клубот потпиша две и пол години со опција соработката да биде продолжена на уште една година, а по сезона ќе заработува 2 и пол милиони евра.

Тој во изминативе две и пол сезони во Анталија заработуваше 3 милиони евра, а постигна 36 погодоци на 56 натпревари. Но, по финансискиот крах на клубот тргна по стапките на Менез и Сандро кои заминаа поради долгови. Пред Анталија играше во Реал Мадрид, Леганес, Мајорка, Барселона, Интер, Анжи, Челзи, Евертон и Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…