Дома Фудбал Останато За Мурињо еден играч е над сите!

За Мурињо еден играч е над сите!

Во текот на тренерската кариера Жозе Мурињо промени многу клубови, тренираше големи играчи, а еден за него е над сите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Додека од ден во ден на големо се шпекулира за идниот клуб на португалскиот тренер медиумите во Португалија го ставија пред една тешка задача.

Имено, Мурињо мораше да го избере најдобриот фудбалер кој некогаш го видел. Имаше право само на еден избор.

„Меси, Кристиано Роналдо, „стариот“ Роналдо...Сите се големи играчи кои биле во врвот во период од 15 години, но ако би морал некој да издвојам по талентот и вештините тогаш тоа би бил „стариот“ Роналдо“, отворено изјави Мурињо и додаде:

„Дека е најдобар играч сфатив кога беше во Барселона под водство на Боби Робсон. Повредите малку му направија проблеми, неговата кариера можеше да биде уште поголема, неговиот талент беше импресивен“, изјави Жозе.

Во времето кога Роналдо беше во Барселона, Мурињо во каталонскиот клуб работеше како помошник тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Селекторот Таневски објави списокот на фудбалери, Македонија ќе игра против САД!

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави …