Искусниот хрватски напаѓач, Марио Манџукиќ не ги оправда очекувањата од доаѓањето во Милан и тешко е да се верува дека ќе остане на „Сан Сиро“ и во наредната сезона.
Меѓутоа шанси за такво нешто изгледа се уште постојат. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, договорот на Манџукиќ истекува на 30. јуни, а тој ќе остане во Милан само ако исполни услов од клазулата во договорот за продолжување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Условот е Манџукиќ да постигне најмалку пет голови во преостанатите девет кола. До сега не постигна ниту еден бидејќи на теренот не е од половината на февруари и условот изгледа како тешко остварлив.
„Газета“ додава и дека на Манџукиќ после лошата епизода во Милан ако остане без клуб ќе му биде тешко да пронајде нов ангажман, тука се додава и дека Хрватот веќе има 35 години.