Спортската јавност од утре ќе има можност да ужива во вториот дел од ракометната Лига на шампиони.
Вардар утре го игра натпреварот на гостински терен против Рајн Некар Левен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во пресрет на вториот дел од сезоната, ЕХФ денес ја објави листата на фаворити за освојување на титулата. На листата од ЕХФ, прв фаворит е тимот кој го предводи Раул Гонзалез, ПСЖ.
Според ЕХФ, Вардар е петти фаворит за подигнување на европскиот трофеј.
„Вардар 2018 година ја заврши пред екипите кои се во трка за втората позиција во групата А. Сепак, за да останат на таа позиција ќе треба да бидат во топ форма. Мораеш е единствениот кој е отсустен во редовите на скопскиот клуб кој ќе се обиде да ја пронајде формата од почетокот на сезоната“, стои во описот на ЕХФ за Вардар.
ТОП 10 фаворити според ЕХФ:
1. ПСЖ
2. Барселона
3. Пик Сегед
4. Рајн Некар Левен
5. ВАРДАР
6. Веспрем
7. Фленсбург
8. ППД Загреб
9. Киелце
10. Нант
Комплетниот текст може да го прочитате на официјалната страна на ЕХФ – тука.