Барселона до крајот на сезоната се очекува да се ослободи од неколку фудбалери, а некои може да си заминат уште во јануари.
Помеѓу оние кои се на таа листа во таборот на Барселона е и младиот стопер Жан Клер Тодибо. Тодибо само против Интер во Лигата на шампионите во натпревар без резултатско значење за Барселона ги одигра комплетните 90 минути. Во Барса е четврти-петти избор, па поради тоа сака да ја промени средината и да оди во клуб каде што ќе игра во континуитет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Колку ретко игра говори податокот дека Тодибо во првиот дел од сезоната во Ла Лига на теренот помина само 77 минути.
Меѓутоа и со таква минутажа Тодибо е најбарниот играч на Барселона пред почетокот на зимскиот преоден рок, барем така тврди „Мундо Депортиво“. Реномираниот шпански медиум пишува дека за услугите на Тодибо се интересираат дури шест клуба.
Милан, Монако, Евертон, Баер Леверкузен и Бенфика сакаат да му дадат шанса на младиот стопер.
Тодибо има потенцијал и нема сомневање дека Барселона при придажбата на било кој клуб ќе се обиде да договори и клазула според која може да го врати на „Камп Ноу“.