Дома Фудбал Затоа е „специјален“: Мурињо учи и седми јазик!

Затоа е „специјален“: Мурињо учи и седми јазик!

Португалецот Жозе Мурињо важи за тренер кој максимално им се посветува на своите играчи, а тоа го покажа и уште еднаш.

Мурињо сега поради подобра комуникација со Сон почнал да учи и корејски.

„Комуникацијата е многу важна кога си со група. Морате да имате почит кон културата и да го зборувате јазикот кој го негувале. Се трудам на секој играч да му зборувам на негов јазика, па затоа учам и корејски“, изјави Мурињо.

Значи, „Специјалниот“ сака да зборува со својот напаѓач на негов мајчин јазик и нема сомневање дека тоа ќе му биде олеснителна околност на Сон иако секако знае да зборува и англиски.

Инаку, Мурињо веќе зборува шест јазици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со хет-трик го предводеше Илинден до осма победа во низа

Илинден го совлада Кул со 5-0 и остана со максимален учинок во скопската Трета лига. Давид…