Дома Фудбал Останато Заработува милиони, а осум години игра со ист модел на копачки

Заработува милиони, а осум години игра со ист модел на копачки

Постојат врвни фудбалери кои славата не може да ги промени, а тие што не се откажуваат од работните навики, тие стигнуваат до врвот.

Во модерниот фудбал кога фудбалерите заработуваат многу пари, светските ѕвезди добиваат и специјални луѓе кои се ангажирани за чистење на нивната опрема. Меѓутоа, еден фудбалер на Реал Мадрид си ја чисти сам опремата, иако заработува милион евра месечно.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во разговор за медиумите, Тони Крос откри дека го носи истиот модел на копачки уште од 2013 година, а станува збор за „про11“ на Адидас.

„Тоа навистина е посебно. Не сум видел друг фудбалер на Реал да си ги чисти копачките. Кај мене е посебно затоа што копачките ми се најважни во свет. Мислам на себе повеќе отколку на другите играчи. Сега, секој месец ја менуваат бојата и материјалот. За многу фудбалери тоа не е проблем и им дваат нови копачки“, вели Германецот.

Крос вели дека овие копачки за него се совршени и не би ги менувал.

„Почнав пред седум или осум години во овие копачки. За мене се совршени. Сакам бела боја, материјалот е совршен, не сакам други. Добро се грижам за нив, ги подготвувам пред секој тренинг, а ги чистам пред секој нареден за да бидат подготвени“, открива Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крос му „договара“ големо засилување на Реал Мадрид!?

Германската ѕвезда од Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, игра со самодоверба веќе една година…