Дома Фудбал Останато Започна трката за наследството: Семејството и роднините се „тепаат“ за богатството на Марадона

Започна трката за наследството: Семејството и роднините се „тепаат“ за богатството на Марадона

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона почина пред две недели на 60-годишна возраст, а зад себе остави големо семејство, многу награди, но и богатство од 50 милиони долари.

Марадона не живееше во преголем луксуз. Имаше колку што му е потребно за живот, а многумина тврдеа дека нема повеќе пари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем дел од неговото богатство е во недвижнини. Луксуз во најдобрите делови на Буенос Аирес, фабрика во Венецуела и луксузен хотел во Хавана, голем број автомобили и накит проценети на 50 милиони долари, а сега секој член од семејството сака да земе дел од колачот.

Ако може да им се верува на аргентинските медиуми, досега се појавиле барем 16 членови на семејството кои сакаат дел од колачот, но тука се и неговите пријатели и адвокатот.

„Факт е дека покрај неговите деца и одредени личности кои никогаш не ги ни видел ќе имаат можност да добијат дел од колачот. Тоа е секако неприфатливо за децата кои со него се со години и се чуствуваат измамени“, пишуваат аргентинските медиуми.

Марадона има единаесет деца со седум жени, а од нив ги призна само пет. Меѓутоа, тие кои што тврдат дека се негови биолошки деца исто така ќе имаат можност да бараат од богатството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …