Џои Бартон во играчката кариера важеше за еден од најнезгодните и најгрубите играчи во Англија.
Поранешниот играч за врска кој играше за Манчестер Сити, Њукасл, КПР, Марсеј, Барнли и Ренџерс денес е тренер на четвртолигашот Флитвуд Таун. Бартон денес мораше да се појави пред суд под обвинение дека ја тепал својата сопруга, односно ја удрил со нога во глава.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека се случил во јужен Лондон во јуни минатата година. Во записникот стои дека Бартон ја удрил сопругата со нога откако испил четири чаши вино. Од ударот Џорџија се здобила со повреда на главата.
„Госпоѓата Бартон ја побара полицијата на 2. јуни во 23:14 кажувајќи дека нејзиниот сопруга ја удрил во дома. Итно бараше интервенција. Кажа дека дошло до расправија со сопругот кој ја турнал на подот и ја удрил со него“, соопштија од судот.