Европскиот шампион Челзи ќе остане без пет ѕвезди од актуелниот тим откако Велика Британиај воведе санкции кон Роман Абрамович и ја запре продажбата на клубот.
Поради санкциите Челзи не може да продава билети, затворени се фан-шоповите, а не може ниту да ангажира или да продолжува договори. Со тоа премиерлигашот е ставен во навистина тешка позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент пет фудбалери на Челкзи се слободни, Челзи водеше преговори со сите пет, меѓутоа сега тие ќе бидат слободни да си заминат на крајот на сезоната. Санцкиите и одат во прилог на Барселона која е блиску до ангажман на Цезар Аспиликуета и Андрес Кристијансен.
Рудигер подолго време преговараше, но до договор не дојде поради разликата во плата која ја нуди Челзи и која ја бара Германецот. Слободен да си замине ќе биде и Саул Нигез кој ќе се врати во Атлетико. Петтиот фудбалер што може да си замине е Чарли-Мусонда.
Уште поголем проблем за Челзи од заминувањата кои некои и онака беа извесни е што нема да може да доведе замени за нив.