Астон Вила изгледа нема намера да го откупи Николо Заниоло и тој на крајот од сезоната ќе се врати во Галатасарај, сепак Турција не е дестинација каде што сака да остане.
Желбата на Заниоло е повторно да биде дел од италијанскиот фудбал, а наводно три клуба од Серија А веќе покажале интерес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според италијанските медиуми Заниоло во своите редови сакаат да го видат, Фиорентина, Милан и Јувентус. Но, се напоменува дека сите три клуба сакаат позајмица со право на откуп.
Причината за таквата опција е сумата која ја бара Галатасарај за негов целосен трансфер.