Челзи зад себе има една од најлошите сезони во својата историја и тоа по потрошени над 300 милиони евра само во зимскиот преоден рок, а во наредната Маурисио Покетино ќе се обиде да го расчисти оставениот неред.
Според англиските медиуми Аргентинецот ќе направи голема „чистка“ летово и најмалку осум фудбалери ќе заминат, се наведува дека бројката може да биде и поголема.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот најверојатно ќе го напуштат: Аризабалага, Аспиликуета, Рубен Лофтус Чик, Галагер, Каи Хаверц, Ковачиќ, Пулишиќ и Жоао Феликс.
На листата за „отстрел“ би можел да биде Мејсон Маунт на кого му завршува договорот и засега нема најави за продолжување.
Приоритет на Покетино според најавите ќе биде засилување на голманската позиција и нападот.