За Елиф Елмас повеќе скоро и да нема дилеми дека ќе го напушти турски Фенербахче.
За македонскиот бисер интерес покажаа голем број европски клубови, а најблиску во овој момент е до Атлетико Мадрид, пред неколку дена се пишуваше дека се чекаат само некои ситни детали за трансферот да биде потврден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес турските медиуми пласираа вест која исто така интересна за македонската спортска јавност. Наводно, заменикот за Елмас Фенербахче може да го доведе од Вардар.
Во медиумите во Турција се појави вест дека Фенер е заинтересиран во своите редови да го доведе 19 годишниот фудбалер на Вардар, Али Адем.
Адем е фудбалер сличен на Елмас и може да ги покрива двете позиции во средниот ред како во дефанзивно така и офанзивно.
Агентот на Адем, Кице Рехман би требало наскоро да ја завршо операцијата. Во сезоната која заврши зад своето име овој фудбалер има 15 натпревари и еден постигнат гол.
Треба да се истакне дека Адем е редовен репрезентативец на селекцијата на Македонија до 19 години.
За крај во веста се додава дека и Галатасарај покажала интерес за неговите услуги, но дека Фенер во овој момент е во пол позиција.
https://www.youtube.com/watch?v=vvyAF-ULddE