Заминувањето на Џанлуиџи Буфон во пензија ќе биде официјално потврдено за време на викендот на натпреварот против Верона кога легендарниот голман ќе го одигра својот последен натрпевар.
Улогата прв голман на „Старата дама“ ќе ја превзеде Војчех Шчезни, но управата на италијанскиот шампион се погрижи да му доведе жесока конкуренција. Управата на Јуве се договори со некогаш големата надеж на италијанскиот фудбал, Матија Перин. Тој се согласи на трансфер од Џенова во Јувентус со кого ќе потпише петгодишен договор вреден 2,5 милиони евра по сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Остана уште клубовите да се договорат околу трансферот, но тоа не би требало да претставува проблем. Џенова бара 20 милиони евра, Јуве нуди 12 и веројатно ќе најдат средина. Перин се смета за еден од најдобрите голмани во Италија. Меѓутоа, тешките повреди го спречија да направи уште поголема кариера, но далеку од тоа дека се уште не може да направи големи работи.
Има 25 години и сигурно дека во Јувентус ќе добие шанса да покаже колку може.