Дома Трансфер зона Закажан важен состанок во Јувентус: Што со трансферите до крајот на преодниот рок?

Закажан важен состанок во Јувентус: Што со трансферите до крајот на преодниот рок?

Како што пишува италијански „Скај“ во среда тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри ќе им состанок со членовите на управата за трансферите до крајот на преодниот рок.

На таа средба ќе се разговара за Филип Костиќ, Мората, Вернер…Прва желба на Јувентус е Костиќ кој во овој момент е поблиску до Вест Хем, барем според медиумите на Островот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сепак, се шпекулира дека Костиќ ја чека понудата од Јувентус, па потоа ќе донесе дефинитивна одлука. По овој состанок во среда се очекува работите да бидат многу појасни.

На Јувентус му е потребен и уште еден напаѓач. Треба да се одлучи дали ќе остане Моис Кин или клубот од Торино ќе оди по некој друг напаѓач.

Покрај Вернер и Мората се споменуваа Депај, Марсијал, Распадори…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …