Новак Ѓоковиќ ќе одигра меч со Ник Кирјос пред почетокот на Австралијан опен, а тоа беше потврдено и од самиот организатор.
Во петок, 13 јануари, тие двајца ќе настапат на „Род Лејвер арената“, а картата е за влез е 20 австралиски долари, додека цел приход ќе биде дониран во хуманитарни цели.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓоковиќ и Кирјос ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел по големото финале на Вимблдон, кога Србинот освои уште една гренслем-титула.
Србинот ја брка 10-та титула на Австралијан опен, а притоа го закажа и првиот тренинг во Мелбурн против Данил Медведев кој го совлада пред неколку дена во Аделаида.