Дома Фудбал Англија Заврши Чемпионшип: Лампард и Дерби во драматичен финиш изборија бараж! (ВИДЕО)

Заврши Чемпионшип: Лампард и Дерби во драматичен финиш изборија бараж! (ВИДЕО)

Лидс, ВБА, астон Вила и Дерби одат во плеј-офот!

Крај, крај, крај! Лигашкиот дел од Чемпионшип е завршен со голема драма во 46-тата рунда, а последното место во баражот го освои тимот на на Лампард, Дерби Каунти!.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Слават сите навивачи на „Прајд Парк“ и Френк Лампард – Дерби доби можност да се бори за последната влезница за Премиер лигата заедно со Лидс на Алиоски, Астон Вила и ВБА! На свој терен денес Дерби славеше против ВБА до 3:1 и така не му дозволија на Миделсброи да направи голем пресврт во последен момент.

Беа во проблеми фудбалерите на Дерби кога голот на Мартин Вагхор во првото полувреме беше поништен, но на крајот овој тим беше спасен со головите на младите Мејсон Бенет и Хари Вилсон!

https://www.youtube.com/watch?v=eujpwT3ewGw

Момците кои штотуку влегоа во третата деценија од животот го извлекоа Дерби и ја обезбедија на клубот шестата позиција.

Миделсброу победи на гостувањето во Ротерам, но немаа среќа и Дерби да не победи.

Во полуфиналето за баражот во Премиер лигата вкрстуваат Лидс и Дерби, односно ВБА и Астон Вила! Интересно е што покрај ВБА и Лидс и Астон Вила претрпеа порази, па нивниот распоред на табелата остана непроменет.

Од Чемпионшип испаѓаат Ротерам (44), Болтон (32) и Ипсвич (31). Директно место во Премиер лигата обезбедија Норвич и Шефилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…