Дома Фудбал Италија Забрана каква што добија играчите на Рома досега во фудбалот немало! (ФОТО)

Забрана каква што добија играчите на Рома досега во фудбалот немало! (ФОТО)

Eкипата на Рома минатата сезона беше едно од најголемите изненадувања во Лигата на шампионите каде што стигна до полуфиналето. Оваа сезона е Рома не е на тоа ниво и ја чека тешка битка до крајот за да обезбеди место најелитното европско натпреварување и наредната сезона.

Сега се влегува во завршницата од сезоната и во овој дел секој натпревар може на крајот да се покаже како клучен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се со цел да избегнат проблем од Рома на фудбалерите им ја поставија веројатно најбизарната забрана во историјата на фудбалот. Не станува збор ниту за некаков карантин, забарана за користење социјални мрежи, ниту за забавување со девојки…Во прашање не е ништо такво.

Играчите на Рома не смеат да се фотографираат со канадскиот рапер Дрејк.

Зошто? Носи несреќа! Дека е така се покажа во неколку ситуации оваа сезона.

Последни тимови кои беа „жртва“ на Дрејк се Арсенал и Борусија Дортмунд. Пјер Емерик Обамејанг и Џејдон Санчо се фотографираа со овој рапер, а потоа Арсенал изгуби, додека Борусија доживеа дебакл од Баерн во дербито кое можеби беше одлучувачко за титулата.

Како што е очигледно во таборот на Рома се малку повеќе суеверни и не сакаат ништо да препуштат на случајноста.

„Сите играчи на Рома добиваат забарана за фотографирање со Дреј“, стои во пораката на Твитер профилот на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…