Кристиано Роналдо е главната тема на трансфер периодот во Шпанија.
Еден од најпознатите шпански медиуми објави дека третиот најплатен фудбалер во светот е незадоволен од политиката во „кралскиот“ клуб, но и неисполнувањата на Перез од ветениот договор. Имено, претседателот на клубот, Флорентино Перез му ветил на Роналдо нов договор кој би му обезбедил многу поголема заработка, но тоа не се случи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Потсетуваме, Портуалецот на крајот на 2016. година потпиша договор со Реал до 2021. година со годишна плата од 21 милион евра. Но, изгледа дека на Роналдо и тоа му е малку, па побарал зголемување од четири милиони евра. „АS“ пишува дека Роналдо своето незадоволство го споделил и со соиграчите и во соблекувалната им најавил враќање на „Олд Трафорд“.
Португалецот во дресот на актуелниот европски шампион во 418 настапи постигна неверојатни 422 гола и така стана најдобрито стрелец во историјата на клубот. Со Реал освои 14 трофеи, три пати го подигна трофејот во ЛШ и два пати во шпанското првенство. Во Реал пристигна во 2009. година од Манчестер Јунајтед во чии редови играше шест години.