Лампард во Челзи води голема сметка за дисциплината и тоа можеби е една од причината за добрите настапи на Челзи оваа сезона.
На социјалните мрежи се појави ценовник со казните во Челзи за секој прекршок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според тој ценовник доцнење за на натпревар без разлика дали на гости или дома се плаќа со 2500 фунти. Доцнење на припремен состанок за тренинг исто така со 2500 фунти, како и дополнителни 2500 фунти за секои дополнителни 15 минути доцнење.
За непојавување во теретана казната е 1000 фунти, а за на третман после тренинг 2500 фунти. Доцнење на тимски состанок се казнува со 500 фунти, но по минута! Доддека непојавување на почетокот на тренингот носи казна од дури 20000 фунти итн…
На ова Челзи веднаш доби одговор од нашиот второлигаш Осогово, кој на Твитер ги објави казните во нивниот клуб.
Осогово е најактивниот македонски клуб на социјалните мрежи, а после ова сигурно ќе има уште повеќе следбеници на Твитер.
Казните во Осогово?
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) November 13, 2019
1️⃣Доцнење на тренинг – тај носе топките на тренинг
2️⃣Доцнење на гостивање – испушташ автобусо
4️⃣Пораз во гости – Автостоп (п.с. не ги качувајте)
5️⃣Кој фане кладилница – деле со сите
6️⃣Ако излаваш доцна пред натпревар – утре си у прв тим!#AvantiOsogovo?? https://t.co/aNYjpM6Gvo