Натпреварот од квалификациите за женската Лига на шампиони на шампионот ЖФК Љуботен покажува на колку ниско ниво е во овој момент женскиот фудбал кај нас.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Љуботен во првото квалификациско коло го заврши настапот и тоа со примени 10 гола, по пет во двете полувремиња.
Исланѓанките влегоа како фаворитки во натпреварот, меѓутоа не се очекуваше толку убедлив пораз на нашите фудбалерки. Во целиот натпревар македонскиот претставник имаше една закана и таа не одеше во рамките од голот.