Хрватската репрезентативка и ракометарка на Вардар, Андреа Пенезиќ во интервју за ТВ Арена истакна дека во јуни најверојатно ќе и стави крај на својата професионална кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оглед на тоа дека има 32 година, како причина за своето пензионирање, Пенезиќ ги наведе завршувањето на студиите како и посвета и внимание кон своето семејство.
Хрватската ракометарка и стави крај на репрезентативната кариера во септември, а со Вардар има договор до јуни 2018. година, кој по се изгледа ќе го испочитува до крај.
Освен Пенезиќ, Вардар ќе се збогува и со Лакрабер, па така црвено-црниот тим ќе има далеку потешка задача во иднина, да најде соодветни замени и да го оддржи континуиетот на сите фронтови.