Николај Јакобсен одлучи да ги одмори клучните дански ракометари за вчерашниот меч против Франција, а овој натпревар и денес е тема во ракометните кругови низ Европа.
Поразот на Данска значеше паѓање на второто место во групата што им донесе натпревар против актуелниот европски шампион, Шпанија место со Шведска. Од оваа „математика“ не е импресиониран селекторот на „Фуријата“ Жорди Рибера кој смета дека Данците со намера одлучиле да играат против ниц.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Од тоа што го видов мислам дека Данците многу сакаа да играат против Шпанија. Според мене можеа да бираат, а тие избраа да играат со нас во полуфиналето“, изјави Рибера.
Данска и Шпанија своето полуфинале го играат утре од 18:00 часот, а во овој натпревар задолжени за правдата на теренот ќе бидат македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.