Дома Трансфер зона Жорди Алба се уште може во Италија, но сега не во Интер?

Жорди Алба се уште може во Италија, но сега не во Интер?

Жорди Алба би можел да ја напушти Барселона и среќата да ја побара на некое друго место.

Алба во каталонскиот клуб пристигна уште летото 2012 година од Валенсија и се покажа како одлично засилување. Искусниот лев бек десет сезони имаше обезбедено место во стартниот тим, но сезонава тоа се промени откако Чави одлучи шанса да им даде на некои други играчи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред Алба во овој момент предност имаат Алехандро Балде и Маркос Алонсо и јасно е дека овој лев бек нема да има ниту приближно минутажа како во претходните години.

Во Барселона се свесни за тоа и во текот на летото Алба беше блиску до заминување. Се преговараше за негова позајмица во Интер. Сепак, на крајот не испадна ништо.

Каталонскиот „Спорт“ денес објави дека Алба е спремен да ја напушти Барселона и во јануари. Сега повторно се поврузва со преминување во Италија, но овој пат во Јувентус. „Спорт“ пренесува дека Јувентус ја контактирал Барселона и на Каталонците им понудил да го позајмат Алба до крајот на сезоната со опција за откуп на неговиот договор за околу 15 милиони евра.

Јувентус сака да ја засили екипата после очајниот старт на сезоната, а Алба би требало да биде првото помеѓу големите засилувања во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …