Фудбалерот за врска на Челзи, Жоргињо го смета за луд потегот на Премиер лигата со враќањето на три измени и откажувањето од петта замена.
Поради ковид ситуацијата беше воведено правило на пет измени во 2020 години, за разлика од поголемиот број европски првенства каде што се уште важи ова правило Премиер лигата го укина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу е тешко да се игра во ваков ритам, немаме време за одмор. Играме на секои три дена, а имаме право само на три измени. Мене ми изгледа лудо што немаме пет измени. Треба да се промени нешто во спротивно ќе имаме се повеќе повредени играчи. Исто така и квалитетот на натпреварите може да се намали, а тоа не е добро за публиката“, изјави Жоргињо.
Претходно, Томас Тухел се пожали дека има седум играчи заразени со коронавирус и уште шестмина кои се повредени.