Гвардиола е тренер чиј ракопис и тоа како се гледа на играта на Сити оваа сезона, но му е досадно веќе новинарите константно да го ставаат во прв план и поради него да го запостават учинокот на играчите на теренот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новинарите го прашаа Гвардиола дали е тој заслужен за првиот погодок, кога Гундоган фантастично го проигра Агуеро. Шпанецот прво културно одговори, а потоа упати апел кој тешко да биде усвојен.
„Не сум јас заслужен за тој погодок туку играчите. Тие играат, тие се талентирани, немам ништо со тоа. Мислам дека треба да ги укинеме овие прес конференции и дека така би било подобро. Би било добро да престанеме да зборуваме и се да им препуштиме на фудбалерите“, започна Гвардиола и продолжи:
„Она што ние го работиме тука, не е ништо. Водиме празни разговори кои треба да се избегнуваат и малку ми е мака од тоа. Би замолил ФА да размисли за мојот прелдог, да се укинат на неколку месеци прес конференциите. Фудбалот е на теренот, а не во прес центрите. Наместо да им давате толкава важност на тренерите, пружете им го на играчите тоа, бидејќи го заслужуваат тоа од вас. Гледајте играчите како играат и пишувајте за тоа, зошто тука да зборуваме за нешто што сите го виделе“, заклучи Каталонецот.