Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс веќе трпи доста критики за неговите партии од почетокот на сезоната.
Португалецот ги чинеше „јорганџиите“ 126 милиони евра и во Мадрид пристигна како замена за Антоан Гризман, меѓутоа во првите пет месеци воопшто не ги оправда очекувањата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Феликс на свое конто има едвај четири гола и една асистенција во сите натпреварувања оваа сезона.
Уште позагрижувачко за фановите е играта на Феликс во натпреварите со големите клубови. Тој беше буквално „невидлив“ во дуелите со Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.
Феликс е далеку од тоа да се наметне како клучна фигура во тимот на Атлетико, а со оглед на цената која е платен, од него тоа и се очекува.
20-годишниот Португалец моментално се опоравува од повредата, но шпанските медиуми тврдат дека сигурно ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампиони.