Дома Фудбал Репрезентации Жиру многу брзо може да стане најдобар голгетер во историјата на Франција

Жиру многу брзо може да стане најдобар голгетер во историјата на Франција

Оливие Жиру во вчерашниот натпревар на Франција против Украна постигна два гола и со тоа на вечната листа на стрелци го надмина Мишел Платини и се доближи до легендарниот Тиери Анри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот напаѓач на Челзи постигна два гола во првото полувреме и со тие два погодоци стана вториот најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на сите времиња. Како што споменавме тој го прескокна Платини и сега го „брка“ Анри.

Анри за „Триколорите“ постигна 51 гол, а со оглед дека Жиру е се уште активен и има доверба од селекторот Дешамп нема да биде изненадување ако набрзо стана најдобар стрелец во репрезентацијата на сите времиња.

Можеби за многумина ќе звучи чудно, но бројките покажуваат дека на Жиру му оди во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …