Дома Фудбал Жиру: Конте ја одигра клучната улога

Жиру: Конте ја одигра клучната улога

Oливие Жиру во последниот ден од преодниот рок направи трансфер од Арсенал во редовите на Челси, а сега открива клучна улога во неговиот трансфер одиграл Антонио Конте.

„Пресудна улога во мојот трансфер одигра разговорот со Конте. Почуствував дека сака да соработува со мене, а и моја единствена желба беше да направам трансфер во Челси бидејќи во мој интерес е да имам поголема минутажа“, изјави Жиру.

Жиру после пет ипол сезони и 105 постигнати голови одлучи да го промени клубот, но не и градот.

„Челси за мене е одличен избор бидејќи не сакав да ја напуштам Премиер лигата и Лондон“, заврши Французинот.

Жиру во својата кариера настапуваше за Тур, Истр, Гренобл, Монпеље и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…