Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру, беше херој во победата над Црвена Звезда во Лигата на Европа.
Жиру во 85 минута со акробатски погодок после една одлична акција на Вилшер и Волкот донесе победа за „топџиите“ и ги казни промашувањата на Звезда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во тој момент можев да ја контролирам топката, сакав да му додадам на некој мој соиграч, но не видов никој, па се обидов, нешто слично како против Кристал Палас во јануари. Имав среќа и на крајот ја погодив мрежата“, изјави Жиру за сајтот на УЕФА.
Французинот истакна задоволство бидејќи „топџиите“ пред 50.000 навивачи успеаа да запишат три бода за максимален учинок после три кола во групата „Х“.
„Верувавме дека можеме да победиме и бевме трпеливи. Навистина не беше лесно, навивачите создаваа фантастична атмосфера“, додаде напаѓачот на Арсенал.