Вчера Манчестер Јунајтед направи големо изненаување и со тим во кој недостасуваа 10 играчи успеа против Пари Сен Жермен да ја надополни негативата од првиот натпревар (0:2) и да слави со 1:3.
Големиот триумф и пласманот во четвртфиналето на Манчестер Јунајтед му го обезбеди Маркус Рашфорд со голот од пенал во 94-тата минута.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во тој момент Ромелу Лукаку направи потег кој многумина не го забележаа во ТВ преносот.
Анхел Ди Марија влезе во вистинска војна со навивачите на Манчестер Јунајтед и беше во центарот на вниманието во првиот натпревар. Вчера Лукаку одлучи да му врати за провокациите во првиот натпревар.
Имено, откако Рашфорд постигна гол, Лукаку накратко се израдува токму пред Ди Марија.
Lukaku celebrating in front of Di Maria after the penalty ? pic.twitter.com/EvMjjzmhRN
— The Man Utd Way (@TheManUtdWay) March 6, 2019
Оваа негова прослава многу потсетува на легендарната на Руд Ван Нистерлој.