Дома Македонски спорт Мак баскет Жестока казна: Заврши сезоната за тренерот на МЗТ!

Жестока казна: Заврши сезоната за тренерот на МЗТ!

Скапо ја плати тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ глупоста против Кожув кога собори противнички кошаркар во текот на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради неспортскиот потег, Николи ќе казнет на десет натпревари. Согласно членот 56.4 Николиќ е казнет со суспензија од два натпревари, а со дополнителни осум според членовите 15.5 и 15.2 од дисциплинскиот правилник.

Исто така Николиќ ќе мора да плати 48.000 денари. Суспензија од еден натпревар доби и Домен Бартжок, а со казна од 5.000 денари санкциониран е Абдул-Малик Абу.

Образложението е за казната е дека Николиќ без никаква потреба влегол на теренот и го соборил противничкиот кошаркар. Со суспензијата завршува и сезоната за стратегот на „Штрковите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …