Поранешниот фудбалер на Арсенал и Рома би можел да се врати во Европа.
Како што пренесува Џанлука Ди Марцио 31 годишниот напаѓач се наоѓа на чекор од трансфер во редовите на Парма.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жервињо вниманието на себе го привлече во 2011 година кога Арсенал Венгер го доведе во Арсенал, за после две сезони на „Емирати“ да премине во Рома.
На „Олимпико“ се задржа три години и на 88 официјални настапи постигна 26 погодоци.
Потоа во 2016 година замина на Далечниот исток, потпиша за кинескиот Хебеи, но набрзо доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото.
Сега според ситуацијата се враќа во Европа и ќе заигра за повратникот во италијанската елита.
#Gervinho (ex @OfficialASRoma) in chiusura al @1913parmacalcio #calciomercato @SkySport
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 15, 2018