Дома Македонски спорт Мак ракомет Е.Пелистер ги израдува навивачите: Продолжен договорот со Мандалиниќ

Е.Пелистер ги израдува навивачите: Продолжен договорот со Мандалиниќ

Тимот на Еурофам Пелистер кој е еден од кандидатите за титулата во македонската Суперлига објави дека го продолжил договорот со Стипе Мандалиниќ и за новата 2021/22 сезона.

Клубот ваквата убава вест за навивачите ја соопшти преку социјалните мрежи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


“РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22.Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар.28-годишниот хрватски интернационалец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Загреб, Карловац и Сплит. Со хрватската репрезентација има бронза од Светското првенство во Шпанија во 2013 година.Клубот ќе одржи церемонија по повод продолжувањето на договорот на Стипе Мандалиниќ по неговото приклучување на подготовките за вториот дел од шампионатот“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…