Вардар во 2017 година ја освои првата европска титула, а со тоа се стекна со слава ширум светот. Во екот на таа слава на црвено-црните во Мексико беше формиран клуб со исто име и иста боја на дресовите.
Кај нас уште тогаш овој клуб стана познат, а ЕХФ сега напиша еден текст во чест на Вардар МХ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мексико не е земја познатап о ракометот, меѓутоа во градот Монтереј се формираше тим двојник на скопски Вардар. Станува збор за Вардар МХ, кој има иста боја на дресовите. Единствената разлика е што овој клуб не е формиран во 1961 година како оригиналниот Вардар. Причината поради која Мексиканците се одлучија на ваков потег е првата европска титула на Вардар“, стои помеѓу другото на официјалната страна на ЕХФ.
Повеќе за овој Вардар на официјалната страна на ЕХФ – тука.