Дома Останати Кошарка Ефес го „прегази“ Фенербахче и се пласираше во финале

Ефес го „прегази“ Фенербахче и се пласираше во финале

Анадолу Ефес е прв финалист на Фајналфор турнирот во кошаркарската Евролига, откако во полуфиналето го декласираше градскиот ривал од Истанбул, Фенербахче со 92:73.

Двата тима беа израмнети од стартот на мечот. Ефес направи мала 11:5 предност, но Фенербахче се врати за да има минимални 20:19 по првата четвртина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во втората четвртина повторно подобар противник беше Ефес, кој создаде предност од седум поени, а на полувреме замина со водство од 45-40. Во второто полувреме Ефес беше комплетно надмоќен и создаде недостижна разлика за пласман во финалето.

Блескава партија во „Фернандо Буеса“ арена во Виторија имаше Американецот Шејн Ларкин кој постигна 30 коша, одличен беше и Василие Мициќ, стрелец на 25 коша.

Најефикасен во поразениот тим беше Јан Весели во 14 поени, двоцифрени беа уште Ерик Грин (13) и Никола Калиниќ (12).

Големото финале е во недела од 20.30 часот, а противник на Анадолу Ефес ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва што е закажано за вечерва со почеток во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…