Дома Македонски спорт Мак баскет Еуро Никел не издржа, Пелистер се врати од -17 за 15-та победа 🎥

Еуро Никел не издржа, Пелистер се врати од -17 за 15-та победа 🎥

Тимот на Пелистер денес ја запиша 15. победа во првата лига, иако се намачи нешто повеќе. На домашен терен во Битола славеа против Еуро Никел со 93:84 и тоа откако се вратија од 17 разлика.

Битолскиот тим така се врати на лидерското место пред МЗТ Скопје. Првото полувреме им припадна на Кавадарчани кои лесно го наоаѓаа патот до кошот. Во второто гледавме поинаква слика на теренот, Пелистер предводен од Малешевиќ и Кесар направи серија од 17:0 која беше веројатно и клучната во натпреварот. Во тој момент домаќинот поведе со 73:71.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еуро Никел не успеа да ја врати играта од првиот дел, па така Пелистер ја задржа предноста и успеа да слави.

Видео: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…