Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер 2 доби четири засилувања

Еурофарм Пелистер 2 доби четири засилувања

Tимот на Еурофарм Пелистер 2 денес доведе четири засилувања за сезоната 2021/2022.

Битолскиот тим информираше дека членови на втората екипа во иднина ќе бидат Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски, Милан Ѓукиќ и Андре Буторац.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првите тројца, голмано Трајковски и Кузманоски доаѓаат од првиот тим на Еурофарм Пелистер. Буторац во Битола се сели од Голден Арт.

34-годишниот Трајковски е искусен голман, поранешен репрезентативец, а пред да дојде во Битола настапуваше за Макс Струмица и Охрид.

21-годишниот Кузманоски се враќа во Еурофарм Пелистер 2 по една полусезона мината во Еурофарм Пелистер. Репрезентативното лево крило беше најдобар стрелец во Суперлигата за Струга, а се наметна и во полусезона под палката на Александар Јовиќ.

Десното крило, 35-годишниот Ѓукиќ се задомаќини во Битола, каде е од 2018 година. Претходно настапуваше во Мешков Брест, Војводина, Раднички Крагујевац, Железничар Ниш.

По една сезона во тимот на Голден Арт КЛ7, во својот роден град и матичен клуб се враќа и 19-годишниот десен бек, Андре Буторац. Тој своите први сениорски минути и натпревари ги одигра во дресот на Пелистер, а сега се враќа да го облече дресот на Еурофарм Пелистер 2- една од најмладите екипи во Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…