Македонскиот репрезентативец Валон Етеми во втората лига на Турција вчера беше стрелец за неговиот Истанбулспор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Етеми постигна гол во натпреварот против Бурса за водство од 2:1, а до крајот Истанбулспор постигна и уште еден гол за победа од 3:1. Етеми веднаш по голот во 68. минута беше заменет.




Сигурно дека добрата форма на Етеми е добра вест за селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој во последниот период редовно го повикува во составот Етеми.