Oле Гунар Солскјер и покрај очајниот старт нема да добие отказ во Манчестер Јунајтед. Клубот ќе му даде прилика во зимскиот преоден рок да го засили тимот.
Пари за засилувања Солскјер ќе има, но ќе мора внимателно да избира играчи со оглед на ситуацијата во која се наоаѓа клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од играчите кои веќе подолго време е на мета на „црвените ѓаволи“ е Марио Манџукиќ. 33 годишниот хрватски напаѓач е во втор план во Јувентус каде што некое време не е ниту во составот за натпреварите. Манџукиќ беше пред трансфер во Катар меѓутоа преговорите со Катарците пропаднаа.
Сега реномираниот „ЕСПН“ тврди дека Јунајтед го контактирал играчот и му порачал дека за трансферот да се реализира ќе мора да се согласи на помала плата.
Во Јувентус Манџукиќ заработува околу четири ипол милиони евра евра, а очигледно во Јунајтед не се спремни толку да му дадат.
Сумата која клубот од „Олд Трафорд“ би му ја платил на Јувентус се очекува да биде помеѓу 10 и 15 милиони евра.