Кристијан Ериксен кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Монако, пренесува „Марка“.
Ериксен во овој момент тренира во Швајцарија каде што се опоравува откако му беше вграден дефибрилатор после ситуацијата на Европското првенство. Пред неколку недели Данецот го раскина договорот со Интер затоа што не можеше да игра во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пишува „Марка“ Ериксен веќе преговара со Монако и двете страни се блиску до договор. Претходно играчот за врска се поврзуваше со враќање во татковината во редовите на Ајакс, но од тоа изгледа нема да има ништо.
Самиот Ериксен потврди дека е во одлична физичка форма.
„Физички повторно сум во одлична форма. Затоа ќе продолжам да играм фудбал и да се докажувам на највисоко ниво. Сонот ми е да заигра за репрезентацијата на Данска во Катар на Светското првенство“, изјави Ериксен.